Што се ЕДУИНО Вебинари?

ЕДУИНО Вебинарите се интерактивни неформални настани, каде што учесниците имаат можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми од областа на образованието преку примери на добри практики и совети од свои колеги, практичари.

Настаните се обмислени да нудат можност за поставување прашања и консултирање со предавачите околу одредени форми, методи, техники и инструменти за спроведување на процесот на учење и поучување во модерната настава. 

Серијалот ЕДУИНО Вебинари, денес ги содржи најпретпознатливите онлајн ресурси за стекнување на вештини во областа на образованието и според нашите статистики се најгледаните онлајн вебинари. Преку ваквиот тип интерактивни и неформални настани ја имаме можноста директно да влијаеме врз професионалниот развој на голем број едукатори во нашата земја.

Што е ново?

Неверојатната бројка од повеќе од 90.000 учесници од претходните изданија на ЕДУИНО Вебинарите, нѐ охрабрија повторно да одговориме на потребите и на предизвиците на едукаторите.

Во периодот што претстои, ќе се одржат неколку ЕДУИНО Вебинари преку кои повторно ќе придонесеме кон зајакнување на знаењата и вештините на едукаторите ширум нашата држава.

Преку овие вебинари, учесниците ќе можат да го подобрат својот личен и професионален развој како едукатори, стекнувајќи знаење од експерти во областа на образованието, како и преку своите колеги, реномирани предавачи, секој во својата област.

Последни Вебинари

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се стекнат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата. Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања. За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути, согласно најавата на модераторот. По завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

  • Доколку го исполнувате погоренаведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот, во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО,
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Како до сертификат за применети знаења?

Вториот е сертификат за применети знаења и предвидува изготвување активност. По завршувањето на вебинарот, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите лица кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За овие заинтересирани лица предвидена е можност во рок од десет дена по оддржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од ЕДУИНО Вебинарот која е поставена на YouTube каналот на ЕДУИНО, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активнсти и евалуацијата. Така, сите оние кои се заинтерсирани, ќе имаат можност да го добијат сертификатот за применети знаења.

  • Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност:

  1. Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
  2. Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
  3. Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
  4. Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet. Особено внимавајте дека ликовите на децата/учениците на фотографиите треба да бидат замаглени или да се фотографирани одзади. Ова е многу важно да се почитува согласно прописите и законите за споделување на фотографии од малолетни лица/деца/ученици со/без дозвола од родител/старател.
  5. Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 на Padlet или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.

Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Padlet таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.

За помош ви нудиме:

  • Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
  • Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)

Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.

За платформата ЕДУИНО

Колективниот портал ЕДУИНО е предводен од страна на Бирото за развој на образованието, како институција што е надлежна за предучилишното, основното и средното образование. Затоа, Бирото ги проверува и ги одобрува програмските содржини за корисниците на порталот и на ЕДУИНО-платформите. 

Партнер

Партнер

Партнер

Техничка реализација

Партнер

Партнер

Партнер

Техничка реализација

Донатори

Контактирајте не

webinar@innovationlab.mk

help@innovationlab.mk - Техничка поддршка

Оваа страница служи исклучително за брза промоција на одобрени активности во контекстот на порталот ЕУДИНО. За потполен преглед на содржините, ве молиме посетете го официјалниот веб-сајт на ЕУДИНО на адресата eduino.gov.mk.