Како да се воведат Целите за одржлив развој во наставата – практични примери
и активности
Предавач: Лила Каранфиловска
Датум: 04.11.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: Македонски
На почетокот на вебинарот, предавачот ќе ве запознае со „Целите за одржлив развој“ на ООН и целта поради која тие се донесени. Во главниот дел Целите ќе бидат групирани врз основа на заедничките карактеристики, ќе бидат изложени примери за нивна применливост и одржливост и ќе биде објаснета важноста за општеството од нивниот рамномерен развој (животна средина-економија-општество). Потоа ќе следи дел во кој ќе бидат презентирани примери од работилници со ученици и родители и ќе бидат презентирани рефлексиите од активностите. Во завршниот дел ќе се потенцира значењето Целите да започнат со реализација уште во предучилишните установи, да продолжат низ сите образовни циклусии да се имплементираат во текот на целиот живот. На самиот крај на сесијата, предавачот ќе ги сподели линковите каде што слушателите ќе можат да пријават проектни активности на оваа тема.
За предавачот: Лила Каранфиловска е одделенски наставник и наставник ментор во ООУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани, Охрид. Зад неа се 16 години педагошко искуство во кои континуирано ги следи новите тенденции и развојни перспективи на образовниот процес. Главна цел на наставничката Каранфиловска, е-наставата да се одвива на интересен начин, а во тој процес учениците да стекнат применливо знаење. За таа намена, употребува различни ИКТ алатки со кои се обидува да ја поттикне креативноста кај учениците и истовремено да ја развива нивната дигиталната писменост. Каранфиловска ја има титулата Е-твининг амбасадор, таа е награден е-твинер, аниматор, автор на статии и обучувач.
Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 19.11.2021 год 23.59h.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.
Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.