Интердисциплинарен пристап во наставата за климатските промени

Предавач: М-р Ирина Шорева

Датум: 10.11.2021

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за реегистрација на вебинарот

YouTube

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Активност

Кликнете на иконата за пријавување на вашата реализирана активност

Опис

Овој вебинар е наменет за наставници од основните и средните училишта кои сакаат да воведат интердисциплинарен пристап во наставата со цел да ги запознаат учениците со предизвиците кои произлегуваат од климатските промени (средно ниво). Проучувањето на климатските променени вклучува интерсекција на повеќе дисциплини. Токму затоа, неопходен е интердисциплинарен пристап во изучувањето на оваа комплексна тема. Овој вебинар е дизајниран на едноставен начин и дава приказ за тоа како треба да изгледа еден современ наставен час на кој учениците од основното и средното образование, на интердисциплинарен начин, ја изучуваат оваа тема. За таа цел, ќе бидат презентирани практични примери и совети. Во воведниот дел, учесниците ќе се запознаат со основите на интердисциплинарниот пристап, како и со тоа кои предмети треба да бидат вклучени за учениците да стекнат знаења со кои ќе ги препознаваат предизвиците од климатските промени. Акцентот ќе биде ставен на препознавањето на негативните ефекти од оваа појава. На овој начин, учениците се поттикнуваат да размислуваат за решенија во однос на реален проблем, со што ќе стекнат сеопфатни, трајни и целисходни знаења. Во практичниот дел, преку изложениот пример на веќе изработен проект, ќе се покаже како во пракса изгледа предавање на наставна единица на интердисциплинарен начин. Воедно ќе бидат посочени и примери за конкретни наставни единици преку овој пристап.

За предавачот: М-р Ирина Шорева – наставник по биологија и природни науки во ООУ „Кочо Рацин“ – Центар, Скопје, работи со талентирани и надарени ученици, учествува во научно-истражувачки проекти од областа еко-хидробиологија и заштита на животната средина. М-р Шорева била учесник на бројни семинари, вебинари и обуки од областа на интерактивната настава, вештини на 21-от век и употреба на ИКТ во наставата.

„Padlet“ табли

Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 25.11.2021 год 23.59h.

Made with Padlet

Made with Padlet

Како до сертификат за стекнати знаења?

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.

Како до сертификат за применети знаења?

Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.

  • Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност: ​

  1. Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
  2. Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
  3. Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
  4. Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet.
  5. Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.

Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.

За помош ви нудиме:

  1. Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
  2. Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)

Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.