Креативно учење преку игра за предучилишно и основно образование
Предавач: Магдалена Петреска
Датум: 29.11.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: Македонски
Креативното учење преку игра е една од основните потреби на учениците од предучилишното и основното образование, пред се поради тоа што помага во развојот на нивниот емоционален, физички, ментален и социјален развој. Преку педагошки методи во кои е вклучена играта тие учат за светот кој ги опкружува, стекнуваат искуства, откриваат, поставуваат прашања и бараат одговори, експериментираат, креираат, ги развиваат сетилата, вештините и интелектуалните способности.
Креативноста го подобрува учењето преку вклучување на критичко размислување, планирање и фокусирање на вниманието. Со употребата на методи како што се драмата, визуелните уметности, ракотворствотот, музиката и танцот, се активираат различни реони на мозокот и во тој процес учениците откриваат содржини кои претходно им биле непознати, учат како да решаваат проблеми, или, изнаоѓаат нов агол на перцепција на некоја тема, но истовремено може да научат и како да изработат конкретно дело или предмет.
За предавачот: м-р Магдалена Петреска работи како одделенски наставник во ООУ- „Лазо Ангеловски“ во Скопје. Во професијата е отворена за сооработка и комуникација, ги применува методите на поттикнување и мотивирање и има теориско и практично знаење од областа на менаџментот и организацијата. м-р Петреска има сериозен пристап и целосна посветеност на работата како наставник и особено внимание посветува на правилното насочување на учениците кон иднината. Воедно, м-р Петреска работи и како едукатор во „Светот на Биби“ и како автор на литертаура за деца во рамките на „Бибиверзум“.
Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 14.12.2021 год 23.59h.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.
Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.