Оценување за време на хибридна настава – креирање рубрики како дел од формативното оценување

Предавач: Валентина Петрова

Датум: 27.10.2021

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за реегистрација на вебинарот

YouTube

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Активност

Кликнете на иконата за пријавување на вашата реализирана активност

Опис

Овој вебинар е наменет за наставници од основните и средните училишта кои се запознаени и веќе применуваат техники за формативно оценување во наставата со физичко присуство и од далечина (средно ниво) Слушателите ќе имаат можност да проследат конкретни примери и технички решенија за тоа како да се креираат рубрики со конкретни критериуми за формативно оценување на стекнати знаења и вештини кај учениците преку проектни задачи, презентации и училишни активности. Наставниците имаат секојдневна обрска да ги следат, вреднуваат и оценуваат учениците, но, тој процес денес е проширен и неопходно е учениците да бидат активни во овој сегмент. Токму затоа, рубриките како начин на следење на учениците се едно од најсоодветните средства за преземање сопствена одговорност. Во текот на овој вебинар ќе биде посочено како да се препознае добра рубрика, како да се креира добра рубрика за оценување и која е придобивката од оценувањето низ рубрики за наставникот, за ученикот, но и за родителот.

За предавачот: Валентина Петрова долги години е наставник по македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, а воедно ја извршува и функцијата помошник директор. Во текот на нејзиното децениско искуство имала и дополнителни ангажмани како координатор за унапредување на ИКТ вештините и администратор за ЕСАРУ/НПУД. Нејзината професионална мрежа со едукатори од повеќе земјии овозможуваа постојано да биде во тек со светските едукативни трендови како и со новите методи и техники на настава. Во нејзината професионална биографија се вбројуваат голем број обуки во матичното училиште и во други образовни институции на теми како што се:

  • следење, вреднување и оценување на постигнувањата на учениците;
  • компетенции на 21 век; ИКТ алатки во наставата;
  • работа со талентирани и надарени ученици.

„Padlet“ табли

Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 11.11.2021 год 23.59h.

Made with Padlet

Made with Padlet

Како до сертификат за стекнати знаења?

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.

Како до сертификат за применети знаења?

Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.

  • Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност: ​

  1. Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
  2. Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
  3. Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
  4. Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet.
  5. Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.

Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.

За помош ви нудиме:

  1. Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
  2. Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)

Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.