Превенција на осипување (drop-out prevention) на ученици од образовниот процес
Предавач: Ана Попризова
Датум: 15.12.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: македонски
Овој вебинар е наменет за училишното раководство, стручната служба и сите заинтересирани наставници во основно и средно образование. Вебинарот нуди корисни стратегии и програми за рана идентификација, интервенција и училишна програма за намалување на осипувањето на ученици. Со оглед на податоците кои покажуваат најголемо осипување во средно образование, тие училишта може да бидат приоретизирани.
За предавачот: Ана Попризова е психолог и Гешталт терапевт. Над 20 год. работи како професор по психологија и училиштен психолог. Претседателка е на активнот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје.
Посебен интерес покажува за психологија на адолесцентите и ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко. Добро го познава образовниот систем и има искуство во едукација на ученици, наставници и родители. Ја интересираат и теми од ментално здравје, личен раст и развој и психотерапија.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.