Инклузивни тимови во градинка (искуства и следни чекори) + Водич за инклузивни практики

Предавачи: Радмила Стојковска-Алексова, Марија Велиновска-Велковска

Датум: 29.11.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултано толкување: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Овој вебинар е наменет за воспитно негователскиот кадар и членовите на стручните служби и менаџментот во градинките. Вебинарот опфаќа насоки за креирање на инклузивни тимови, нивното значење, улогата и влијанието при креирање инклузивна клима во градинките.

За предавачите:

м-р Радмила Стојковска-Алексова работи на позицијата раководителка на „Центарот за асистивна технологија“. Во нејзината професионална биографија регистрирани се бројни услуги за деца со попреченост и нивните семејства. Стојковска-Алексова е специјална едукаторка и рехабилитаторка која има долгогодишно искуство во раководење со проекти поврзани со инклузија, креирање стратегии, политики и документи кои го покриваат прашањата на инклузијата во образованието.

м-р Марија Велиновска-Велковска е специјален едукатор-соработник на проекти при здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ од Скопје. Велиновска-Велковска има богато искуство во  давање индивидуална поддршка на лица со различна попреченост, поддршка на воспитувачие, наставниците и  семејствата. Искуството од работата во центарот го пренесува во креирање и реализирање проекти и обуки од областа на асистивна технологија и инклузивното образование. Воедно, искуството го пренесува и на експертски групи кои работат на развој на пристапен едукативен софтвер. 

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.