Предизвикувачко однесување – справување и добри практики

Предавач: Марија Делетиќ

Датум: 01.12.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултано толкување: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Содржината на овој вебинар ќе им овозможи на слушателите да стекнат знаења за поимот предизвикувачко однесување, да ги разберат причините за неговата појава, како и да се запознаат со одредени превентивни стратегии и интервенции за справување со предизвикувачкото однесување.

За предавачот:

Марија Делетиќ е специјален едукатор и рехабилитатор. Во моментот ја извршува функцијата директор на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ од Скопје. Покрај искуството како наставник-специјален едукатор во посебно училиште за ученици со интелектуална попреченост и аутизам, Делетиќ поседува и долгогодишно искуство како обучувач во формалното и неформалното образование. Како соработник била вклучена во развивање наставни програми и креирање образовни политики. Во рамките на неформалното образование добитник е на повеќе меѓународни сертификати. Делетиќ учествувала во изготвување на програмски и системски документи од сферата на образованието како што се: стратегии, концепции, методологии, стандарди, критериуми, законски и подзаконски акти.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.