Улогата на ресурсниот центар во поддршка на редовните основни училишта

Предавач: Марија Делетиќ

Датум: 27.10.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултано толкување: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Вебинарот е наменет за наставниците, стручните соработници и раководниот кадар од основните училишта, кои сакаат поблиску да се запознаат со улогата на ресурсниот центар во поддршка на инклузивното образование во редовните основни училишта. На овој вебинар ќе бидат презентирани нивоата на поддршка кои ги обезбедува ресурсниот центар за создавање на оптимални услови за квалитетно образование на сите деца вклучени во образовниот систем.

За предавачот:

Специјалната едукаторка и рехабилитаторка Марија Делетиќ тековно ја извршува функцијата директорка на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“- Скопје. Делетиќ има богато искуство како наставничка-специјална едукаторка во училиште за ученици со интелектуална попреченост и аутизам, а воедно долги години работи и како наставничка во формалнто и неформалното образование. Во нејзината професионална биографија се вбројуваат повеќе меѓународни сертификати , учество во изготвување програмски и системски документи, стратегии, концепции, методологии, стандарди, критериуми, законски и подзаконски акти. Делетиќ работи и како соработник за развој на наставни програми и образовни политики.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се стекнат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата. Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања. За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути, согласно најавата на модераторот. По завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

  • Доколку го исполнувате погоренаведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот, во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО,
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).