Брз пристап
Пријава
Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот
YouTube МКД
Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик
Квиз
Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот
Вовед во педагошки пристапи
кон инклузивно, дигитално и комбинирано учење за сите ученици
Предавачи: Игор Богданоски,
Розалија Бошковски
Датум: 17.05.2022
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: Македонски
Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот
Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик
Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот
Темата на вебинарот нуди преглед на клучните концепти кои ги објаснуваат разликите во учењето, како и импликациите за планирање и спроведување на инклузивната настава. Оваа вебинарска сесија е наменета за едукаторите кои имаат намера да воведат ефективни педагошки пристапи и стратегии за инклузивно, дигитално и комбинирано учење во наставата. Петте модули се посветени на: разбирањето на различностите на учениците и нивните разлики во учењето, начините за поттикнување на мотивацијата, пристапите на инклузивната педагогија, потребата и развојот на индивидуалниот образовен план, како и на практики кои поддржуваат инклузивни
педагошки методи.
За предавачите:
Игор Богданоски е професор по математика и наставник- ментор во „ООУ Блаже Конески“ во Прилеп. Во текот на неговата две децениска кариера континуирано професионално се надградува за што говори и изборот на Богдановски за Scientix амбасадор на Македонија, а воедно тој е и Microsoft Innovative Educator Expert, Microsoft Master Trainer, Microsoft 365 и Moodle администратор. Автор е на повеќе трудови од областа образовен менаџменти и математиката.
Специјалниот едукатор и рехабилитатор м-р Розалија Бошковски работи како советник во Министерството за образование и наука. Бошковски има повеќегодишно искуство како практичар и обучувач на полето на инклузивното образование.
Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.
За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).
Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.
Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.