Стимулација на говор во рана возраст + Cboard

Предавачи: Драгана Дојчиновска, Гордана Благојевска

Датум: 24.11.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултано толкување: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Овој вебинар е наменет за сите родители, наставници од основно образование, воспитувачи од предучилишно образование и сите други професионалци (специјални едукатори, логопеди, психолози, образовни асистенти). Вебинарот вклучува информации за развојот на говорот во рана возраст и алатката „Сиборд“ која ја олеснува комуникацијата на децата кои имаат тешкотии во говорот.

За предавачите:

Стручните соработници кои ќе предаваат на ЕДУИНО вебинарот имаат долгогодишно теретско и практично искуство поврзано со темата. Драгана Дојчиновска работи како клинички логопед, а Гордана Благојевска е специјален едукатор и рехабилитатор во центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ од Скопје.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.