Претставување во медиумите - стереотипи и предрасуди

Предавачи: Диана Садику Рамадани

Датум: 26.04.2023 (среда)

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: албански

Симултан превод: македонски (упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Опис

Вебинарот е наменет за сите наставници, стручни соработници и раководен кадар од основни училишта, кои се заинтересирани да разберат што претставуваат стереотипите и предрасудите и како тие функционираат. Преку примери од секојдневието, предавачот ќе објасни како предрасудите и стереотипите ја искривуваат вистината и колку лесно може да се пренесуваат. 

Во рамки на вебинарот ќе се зборува и за претставувањата во медиумите, како на пример во рекламите, и какво влијание може да имаат тие врз различни сегменти од публиката. Учесниците ќе научат да идентификуваат и критички да проценат примери на стереотипи што се пренесуваат преку медиумите и да ги разберат последиците од нивното ширење.

За предавачите:

М-р Диана Садику Рамадани е советник во Бирото за развој на образование. Претходно работела како наставник по одделенска настава на турски и на албански јазик. Садику Рамадани е магистер по Менаџирање на човечки ресурси по општествени дејности. 

Таа е обучувач за медиумска писменост во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат” што го спроведуваа ИРЕКС и локалните партнери МИМ, ИКС и МОФ во соработка со БРО и МОН.

Превод на албански јазик

Tema: Pаraqitja në media – stereotipe dhe paragjykime

Trajnues: Diana Sadiku Ramadani, Këshilltare në Byronë për Zhvillim të Arsimit dhe trajnuese

Data e realizimit të uebinarit: 26.04.2023 (e mërkurë), ora 18:00-19:30. 

Përshkrimi i uebinarit: Qëllimi i këtij webinari është që pjesëmarrësit të kuptojnë se çfarë janë stereotipet dhe paragjykimet dhe si funksionojnë ato. Përmes shembujve nga jeta e përditshme, trajnuesi do të shpjegojë se si paragjykimet dhe stereotipet e shtrembërojnë të vërtetën dhe sa lehtë mund të transmetohen. Në kuadër të këtijë webinari do të diskutohet edhe përfaqësimet në media, si në reklama, dhe çfarë ndikimi mund të kenë ato në segmente të ndryshme të audiencës. Pjesëmarrësit do të mësojnë të identifikojnë dhe vlerësojnë në mënyrë kritike shembuj të stereotipeve të transmetuara përmes mediave dhe të kuptojnë pasojat e përhapjes së tyre.

Rreth trajnuesit: 

Diana Sadiku Ramadani, M.D., është këshilltare në Byronë për Zhvillimin e Arsimit. Më parë ka punuar si mësimdhënëse në gjuhën turke dhe shqipe. Sadiku Ramadani ka magjistruar në drejtimin për Menaxhim të Burimeve Njerëzore në Veprimtari Sociale. Ajo është trajnuese për edukim mediatik në kuadër të projektit të USAID-it për edukimin mediatik “Të rinjët mendojnë”, e implementuar nga IREX-i dhe partnerët lokalë MIM, IKS dhe MOF në bashkëpunim me BZHA dhe MASH.

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се здобијат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата.

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања.

За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути , согласно најавата на модераторот, по завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

Доколку го исполнувате погоре наведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО.

Контактирајте не

webinar@innovationlab.mk

help@innovationlab.mk - Техничка поддршка