Дизајнерско размислување (design thinking) како наставен метод за ученици од основно и предучилишно образование

Предавач: Милош Соколиќ

Датум: 17.11.2021

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за реегистрација на вебинарот

YouTube

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Активност

Кликнете на иконата за пријавување на вашата реализирана активност

Опис

 Во иновативната и трендовска педагогија се поголема е тенденцијата дизајнерското размислувањето да се вклучува како метода во наставата. На овој вебинар ќе бидат презентирани практични примери како преку активности во училницата да се имплементира дизајнерското размислувањето во наставната методологија. Во централниот дел ќе го објасниме потеклото на методологијата на дизајнерското размислувањето, кои се нејзините придобивки и кои се чекорите и методите на овој процес. Потоа, ќе се навратиме на принципите на методологијата и уште еднаш ќе ги повториме чекорите на процесот. Во практичниот дел на семинарот ќе ги изложиме предизвиците и предностите на методологијата дизајнерско размислување. Најзначајните сознанија на оваа тема ќе ги споделиме во главниот дел, преку презентација на две студии на случај во кои е применета оваа метода во наставата. Во овој сегмент ќе посочиме конкретни примери од практичната примена на методот во наставата.

За предавачот: Дизајнерот на производи и услуги Милош Соколиќ, како предавач на вебинарот ќе ги сподели своите теоретски сознанија и практични искуства. Пред се, неговата работа е фокусирана на партиципативен дизајн/ко-дизајн и дизајнерско размислување како пристап кон иновирање. Соколиќ има големо искуство во креирање едукативни игри за ученици од I-II одделение, но од посебно значење е неговата непосредна пракса со употребата на дизајнерското размислување како метод за иновирање во проекти од јавниот и едукативниот сектор.

„Padlet“ табли

Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 02.12.2021 год 23.59h.

Made with Padlet

Made with Padlet

Како до сертификат за стекнати знаења?

Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.

Како до сертификат за применети знаења?

Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.

  • Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност: ​

  1. Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
  2. Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
  3. Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
  4. Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet.
  5. Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.

Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.

За помош ви нудиме:

  1. Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
  2. Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)

Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.