Мултидисциплинарна интеграција низ пример од предметот историјa и општество
Предавач: Дарко Леитнер – Стојанов
Датум: 09.12.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: македонски
Темата на деветтиот ЕДУИНО-вебинар е фокусирана на интердисциплинарниот пристап при научно-истражувачката работа во хуманистичките и општествените науки. Образованието како жив организам кој постојано се развива, претставува комплексен систем изграден од различни стилови, вредности и филозофии. Мултидисциплинарното учење е извонреден начин за целосно интегрирање на образование во сеопфатна структура, наспроти застарениот концепт на неповрзани делови(предмети). Овој соврмен педагошки метод нуди увид во корелациите меѓу темите, наспроти нивното самостојно изучување. Придобивките од оваа брзо растечка и есенцијална алатка која се употребува за унапредување на интерперсоналниот раст и развој на учениците, ќе биде илустрирана преку поврзаноста на историјата со политичката филозофија, културолошките студии и визуелната семиотика.
За предавачот: д-р Дарко Леитнер-Стојанов работи како вонреден професор во Институтот за национална историја. Тој е посветен на истражувањето на две области: големите миграции во доцната антика и раниот среден век и на анализа на учебниците по предметот историја. Неговите професионални активности често се одвиват на релацијата меѓу Скопје и Виена. Леитнер-Стојанов магистерските и докторските студии ги завршил во Париз. Неговата експертиза е поврзана со политиките на сеќавање и на наставата од областа на историјата на Македонија и на Балканот.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.