Развивање креативни вештини преку визуелни приказни

Предавач: Соња Трифуновска

Датум: 05.10.2022

Времетраење: 18:00 – 19:30

Работен јазик: Македонски

Симултано толкување: Албански(упатство)

Брз пристап

Пријава

Кликнете на иконата за регистрација на вебинарот

YouTube МКД

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на македонски јазик

YouTube АЛБ

Кликнете на иконата за да ја проследите снимката од вебинарот на албански јазик

Квиз

Кликнете на иконата за одговарање на квизот со прашања од вебинарот

Активност

Кликнете на иконата за пријавување на вашата реализирана активност

Опис

Современите педагошки и комуникациски истражувања го потенцираат значењето на креативната визуелна комуникација, пред сѐ, поради несомнено поголемиот степен на ангажираност и вклученост на учениците во содржината. Визуелните приказни преку создавање емпатија и поврзаност го втурнуваат ученикот во материјата која му ја предавате. Така, тие се идентификуваат со темата и идејата на емотивно ниво, при што стануваат мотивирани и инспирирани за учество на часот. Преку практични примери и конкретни постапки за креирање визуелни приказни и со примена на различни видови медиуми: слики, фотографии, илустрации, стрипови, видео блогови и слично, слушателите на вебинарот ќе научат како да ги развиваат креативните вештини кај учениците.

За предавачот:

Соња Трифуновска е одделенски наставник-ментор во ООУ „Гоце Делчев“ од Тетово. Во текот на нејзиното речиси две децениско искуство постојано истражува нови креативни и иновативни пристапи кои се во чекор со модерното време. Трифуновска истовремено е и ЕДУИНО амбасадор, креатор на дигитални образовни материјали и автор на едукативна сликовница со дигитални задачи.

„Padlet“ табли

Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 15.10.2022 год 23.59h.

Made with Padlet

Made with Padlet

Како до сертификат за стекнати знаења?

Со сертификат за стекнати знаења имаат можност да се стекнат сите регистирани учесници, без разлика дали вебинарот го следат преку Zoom или Youtube live платформата. Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google Forms до учесниците, ќе биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања. За стекнување на сертификатот е потребно да одговорите точно на најмалку седум од поставените 10 прашања (или 70%).

Би сакале да нагласиме дека квизот е отворен за решавање 15 минути, согласно најавата на модераторот. По завршувањето на предвиденото време квизот се затвора од страна на техничкиот тим.

  • Доколку го исполнувате погоренаведениот услов за стекнување на сертификат, истиот ќе ви биде доставен на мејл адресата која ќе ја внесете при одговарање на квизот, во временски рок од две до три седмици од страна на техничкиот тим на ЕДУИНО,
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Како до сертификат за применети знаења?

Вториот е сертификат за применети знаења и предвидува изготвување активност. По завршувањето на вебинарот, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите лица кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За овие заинтересирани лица предвидена е можност во рок од десет дена по оддржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од ЕДУИНО Вебинарот која е поставена на YouTube каналот на ЕДУИНО, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активнсти и евалуацијата. Така, сите оние кои се заинтерсирани, ќе имаат можност да го добијат сертификатот за применети знаења.

  • Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата што е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
  • Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).

Чекори за поднесување на извештајот за реализирана активност:

  1. Преземете го примерокот од Извештајот за реализирана активност од објавата на Padlet.
  2. Пополнете ги целосно барањата во извештајот (точни податоци, објаснување на активноста и самоевалуација).
  3. Прикачете го извештајот на Padlet по примерот на објавата 04 зададен на таблата, во pdf формат. Доколку првата табла не ви дозволува да го прикачите вашиот извештај преминете на наредната.
  4. Наравете скриншот фотографија од вашата објава на Padlet. Особено внимавајте дека ликовите на децата/учениците на фотографиите треба да бидат замаглени или да се фотографирани одзади. Ова е многу важно да се почитува согласно прописите и законите за споделување на фотографии од малолетни лица/деца/ученици со/без дозвола од родител/старател.
  5. Пополнете ја пријавата на линкот поставен на објавата 01 на Padlet или пак на копчето за пријава на реализирана активност така што ќе ги наведете вашите податоци и ќе ги прикачите извештајот од реализираната активност и фотографијата од објавата на таблата. На крај притиснете на копчето поднеси.

Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Padlet таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.

За помош ви нудиме:

  • Видео како да се самоевалуирате со помош на инструментот за евалуација-рубрика (линк)
  • Упатство за да креирате пост на таблата – Padlet (линк)

Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.