Ви благодариме на учеството!
Селектираните активности за изработка во ДОМАШНИ УСЛОВИ, со кои како родители/старатели и дете/деца може да учествувате во игратонот се:
По креирање на едукативните активности, чекорите кои треба да ги следите се следни:
Чекор 1. Споделете јавно на вашиот ФБ профил фотографија или видео од изработката користејќи ги хаштазите #едуиноигратон2022 заедно со бројот на предизвикот кој го креиравте, на пр. #активност1 #иметонаактивноста и тагнете го ФБ-профилот на @Едуино – колективен портал за дигитални содржини
Чекор 2. Пополнете го формуларот (подолу) со прикачување линк од вашата јавна (public) објава на социјалните мрежи со фотографија/видео од изработката за секој предизвик посебно.
Чекор 3. Играјте, забавувајте се и поканете ги и вашите пријатели да се приклучат на ЕДУИНО Игратонот, преку тагнување или коментирање на вашата објава. И секако, следете нè на социјалните мрежи на колективниот портал ЕДУИНО, како и на ФБ-настанот ЕДУИНО Игратон за сите објави на дневни предизвици и извлекување на подароци!
Ве повикуваме на забава во текот на целата
работна недела!
За да имате поголеми шанси да бидете најсреќни учесници, учествувајте со повеќе активности од предизвикот, со пополнување следна пријава со нова изработка од селектираните активности!
Во склоп на креативниот предизвик може да ги пријавите изработките само од оние активности кои се предвидени за овој предизвик.
Важно: Активностите селектирани за предизвикот може да ги реализирате во текот на целиот предизвик од 21 до 27 февруари. Пријавите може да ги праќате без разлика која е активноста на денот: на пр. активноста „Топче во кутија“ може да ја направите и да ја поднесете на 27.02., иако е промовирана како прва активност.
Внимание: Само со пополнета пријава со изработка на активностите учествувате во „Подарок по случаен избор“ за дневни и неделни подароци.
Сѐ што треба да направите за да се пријавите на ЕДУИНО Игратонот е да креирате една од селектираните активности на Игратонот, да направите фотографија/видео од изработката и да го пополните краткиот формулар кој се наоѓа најдолу на оваа веб-страница.
Внимавајте – со едно пополнување на формуларот може да учестувувате во еден предизвик. Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја изработка треба да пополните по една пријава. Дополнително, за секоја една активност, ќе биде прифатена само една пријава.
Техничка поддршка: Доколку се соочувате со технички проблеми при пријавување на вашите активности, имате прашања или фидбек за креативниот предизвик ЕДУИНО ИГРАТОН, слободно контактирајте нѐ на мејлот: igraton@innovationlab.mk