Ви благодариме на учеството!
Селектираните активности за изработка во ГРАДИНКА, со кои како воспитувачи и група од деца ќе може да учествувате во игратонот се:
По креирање на едукативните активности, чекорите кои треба да ги следите се следни:
Чекор 1. На официјалната веб или ФБ профилот на градинката, објавете го јавно изработеното решение/предизвик користејќи ги хаштазите #едуиноигратон2022 заедно со бројот на предизвикот кој го креиравте, на пр. #активност1 #иметонаактивноста и тагнете го ФБ-профилот на
@Едуино – колективен портал за дигитални содржини
Чекор 2. Пополнете го формуларот (подолу) со прикачување линк од вашата јавна (public) објава на социјалните мрежи со фотографија/видео од изработката за секој предизвик посебно.
Чекор 3. Играјте, забавувајте се и поканете ги и вашите колеги и пријатели да се приклучат на ЕДУИНО Игратонот, преку споделување на објавата од официјалната веб или ФБ на вашиот профил и нивно тагнување! И секако, следете нè на социјалните мрежи на колективниот портал ЕДУИНО, како и на ФБ-настанот ЕДУИНО Игратон за сите објави на дневни предизвици и извлекувања на подароци!
Ве повикуваме на забава во текот на целата работна недела!
За да имате поголеми шанси да бидете најсреќни учесници, учествувајте со повеќе активности од предизвикот, со пополнување следна пријава со нова изработка од селектираните активности!
Во склоп на креативниот предизвик може да ги пријавите изработките само од оние активности кои се предвидени за овој предизвик.
Важно: ивности кои се предвидени за овој предизвик.
Важно: Активностите селектирани за предизвикот може да ги реализирате во текот на целиот предизвик од 21-25.02.2022г . Пријавите може да ги праќате без разлика која е активноста на денот: на пр. активноста „Еј, ти каде ли се скри?”може да ја направите и да ја поднесете на 22.02.2022г, иако е промовирана како прва активност.
Внимание: Само со пополнета пријава со изработка на активностите учествувате во „Подарок по случаен избор“ за дневни и неделни подароци.
Најпрво, објавете фотографија/видео од изработката на активноста од ЕДУИНО Игратонот, на официјалната веб-страница и/или на социјалните мрежи во вашата градинка.
Потсетување: За фотографиите/видеоснимките со деца, потребно е да имате согласност за фотографирање од родителите/старателите на децата.
Следен чекор е пополнување на краткиот формулар кој се наоѓа најдолу на оваа веб-страница.
Внимавајте – со едно пополнување на формуларот може да учествувате во еден предизвик. Доколку сакате да испратите повеќе активности, за секоја изработка треба да пополните по една пријава. Дополнително, за секоја една активност, ќе биде прифатена само една пријава.
Техничка поддршка: Доколку се соочувате со технички проблеми при пријавување на вашите активности, имате прашања или фидбек за креативниот предизвик ЕДУИНО ИГРАТОН, контактирајте нè на мејлот: igraton@innovationlab.mk