Креирање на интерактивни ресурси за хибридна и асинхрона настава за предучилишно и основно образование
Предавач: Игор Богданоски
Датум: 01.11.2021
Времетраење: 18:00 – 19:30
Работен јазик: Македонски
После две успешни сесии, најновата едиција ЕДУИНО вебинари со голем праг на посетеност од две илјади и петстотини слушатели на секое предавање, продолжуваат со третата тема, која ви нуди ретка можност да се запознаете со конкретни фигитални (доаѓа од Phygital (Physical and Digital)) алатки, како и примери и активности за примена на овие алатки во хибридната и асинхроната настава.
За темата: Овој вебинар е наменет за наставници од основните училишта, како и за воспитувачи на деца од предучилишна возраст кои веќе имаат одредено искуство во користење на дигитални алатки во наставата (средно ниво). На почетокот слушателите ќе се запознаат со хибридното и комбинираното учење како дел од е-учењето, кои се нивните сличости, разлики, ограничувања и предности. На предавањето ќе бидат потенцирани трендови на ваквиот вид настава кај нас и во светот. Во вториот, практичен дел, ќе бидат презентирани четири конкретни фигитални (доаѓа од Phygital (Physical and Digital)) алатки за креирање на интерактивни содржини H5P, Mathigon, Geogebra и Nearpod, како и веќе креирани интерактивни содржини со нив. Исто така ќе бидат презентирани и насоки во кој вид настава и како да се користат посочените помошни наставни компоненти.
Очекувани резултати: Најзначајната придобивка од посетата на овој ЕДУИНО-вебинар е тоа што учесниците ќе се запознаат со карактеристиките, предностите и недостатоците на хибридната и на комбинираната настава, потоа ќе стекнат увид во сличностите и разликите помеѓу синхроната и асинхроната настава, а воедно, ќе имаат увид во предностите и недостатоците на секој од различните видови учење. Исто така, ќе бидат во можност да одберат каков вид на учење е најсоодветно да применат во дадениот момент и каков вид ресурси да применат во наставата.
За предавачот: Игор Богданоски е наставник по математика, наставник ментор, Microsoft Innovative Educator Expert, Microsoft Innovative Educator Master Trainer, Scientix амбасадор за Република Северна Македонија, Moodle и Office 365 администратор, како и национален обучувач за Националната платформа за учење на далечина.
Пријавата за реализирана активност и таблите на Padlet за овие активности ќе бидат отворени најдоцна до 15.11.2021 год 23.59h.
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување линк од Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања, од кои за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот. Неопходно е да нагласиме дека првиот сертификат ќе може да го добијат единствено оние пријавени слушатели, кои ќе бидат во можност во живо да го следат предавањето.
Вториот е сертификат за примена на стекнатите знаења (применети знаења) и предвидува изготвување активност. По завршувањето на секој вебинар, предвидено е предавачот да зададе две активности, од кои учесникот може да одбере една. Со стекнати 60% реализација, потврдена преку самоевалуација од страна на слушателот и евалуација од предавачот, слушателот се стекнува со сертификат за применети знаења. Посебно е важно да нагласиме дека со вториот сертификат ќе може да се стекнат и сите претходно пријавени слушатели, кои не биле во можност во живо да го следат предавањето. За нив е предвидена можност во рок од десет дена по одржувањето на вебинарот, да ја погледнат снимката од него, да ја изготват активноста и да го поднесат извештајот за извршените активности и евалуацијата, со што и тие имаат можност да добијат сертификат за применети знаења.
Доколку ги проследивте сите овие чекори, вашата пријава е уредно поднесена и ќе биде евалуирана од страна на предавачот. Таблата и копчето за поднесување на пријава на реализирана активност ќе бидат активни 10 дена по завршувањето на вебинарот.
За помош ви нудиме:
Напомена: Сите нецелосни или несоодветни објави на Padlet ќе бидат отстранети од страна на техничкото лице.